Муштериите на Ферари со нови мотори

463

Сите четири болиди кои како муштерии користат мотори на Ферари добија нови спецификации во пресрет на Големата награда на Унгарија, откри ФИА.

Роман Гросжан и Кевин Магнусен од Хаас како и Шарл Леклер и Маркус Ериксон од Заубер, ќе се тркаат викендов со нов и подобрен мотор од Маранело.

Сите четворица ќе добијат мотор со внатрешно согорување, додека Кевин Магнусен и возачите на Заубер ќе добијат кинетички МГУ-К и хибриден МГУ-Х дел од Системот за повраток на енергијата, нешто што нема да го добие Роман Гросжан затоа што претходно промени такви делови и евентуална нова промена ќе значи казна.

Возачите на фабричката екипа нема да добијат нови делови, Ветел и Раиконен се очекува својот нов мотор да го добијат при првата трка од летниот дел на белгиска Спа.


Муштериите на Ферари со нови мотори

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>