Од Рено потврдуваат дека проблем со потисната плочка го предизвикал откажувањето на Даниел Рикардо од Италијанското Гранд При. 

Рикардо имаше солидна трка и се бореше со болидите низ гридот, стартувајќи од задните редови, но бел чад се појави од задниот дел на неговиот Ред Бул во период кога се бореше за 11то место.

Првично се претпоставуваше дека тоа е уште едно од долга низа на откажувања на агрегатот, но по истрага Рено го идентификувале проблемот во потисната плочка. Рикардо го започна викендот со недокажана Ц верзија на францускиот агрегат.

Подобрениот мотор беше искористен само од Ред Бул во Италија, а кај Рикардо тоа доведе и до грид казна.

Неговото откажување е четвртто во последните шест трки, со што тој сега заостанува 12 поени позади Макс Верстапен во генералниот пласман.

Следна трка во Формула 1 е во Сингапур од 14-16 Септември.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.