И покрај тоа што Торо Росо искористија повеќе мотори од било која друга екипа на гридот, тимскиот шеф Франц Тост изјави дека моторот на Хонда ги надминал очекувањата во однос на издржаливоста. Екипата од Фаенца прва година е партенр со јапонците, откако тие ја раскинаа соработката со Мекларен, а од 2019 година мотори од Сакура ќе користи и Ред Бул.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Последната спецификацја на Хонда за прв пат беше возена во Русија, а на трка се појави во Јапонија имаше свои проблеми, а поради механички оштетувања на моторот на Пјер Гасли од Америка, французинот доби 15 позиции казна на стартот во пресрет на Мексиканското Гранд При.

Мислевме дека ќе имаме многу повеќе проблеми, но да бидам искрен немавме некои големи и значителни. Со новата спецификација не сме многу далеку од врвните тимови на гридот – изјави Тост од Мексико Сити.

Казната за Гасли е повеќе мерка на претпазливост одошто некое големо оштетувањена веќе користениот агрегат. Истото е направено поради тоа што јапонците се свесни дека Мексико бара многу од агрегатите.

По трката во Остин Хонда приметија проблем во механичкото составување на моторот на Пјер и поради тоа не сакаа да ризикуваат и дојдвоме во Мексико со нов мотор. Направивме два круга на првата спецификација и променивме на псотарата спецификација затоа што надморската висина и останатите услови подобро ќе се оптимизираат на стариот мотор со кој имаме повеќе знаење и искуство.

Во однос на работата на Хонда во текот на годината, завршија одлична работа и ги подобрија перформансите многу, но и издржливоста на моторот. Нетрпелив сум за последните две трки во Сао Паоло и Абу даби затоа што таму нема да имем казни, ќе возиме со нови мотори и ќе напаѓаме – најави Франц.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.