Мерцедес се плашеле дека Луис Хамилтон ќе ја загуби победата на Големата награда на Бразил бидејќи секој момент се очекувало неговиот мотор да откаже.

Тој водеше жестока борба со Макс Верстапен во текот на трката, беше минат на патеката, но си го поврати водството по сударот на Макс со Окон.

На почетокот тој беше водечки се додека Холанѓанецот не го престигна. Вертапен издржа 15 кругови повеќе во првиот стинт и со понови гуми го престигна Хамилтон. Верстапен водеше се додека не беше удрен од Естебан Окон и тогаш Хамилтон го превзема водството.

Сепак Мерцедес имале проблеми и го информирале Волф дека моторот на Хамилтон може да откаже секој момент, но по 71 круг тоа не се случило.

Имавме ужасна трка. Момците од фабриката ми кажаа дека може да откаже моторот и дека тоа може да се случи секој момент. Имав отворени 10 канали на радиото. Го зголемив гласот и повторно прашав што ми кажуваат.

ТИе ми потврдија дека има огромен проблем со моторот и тој може да откаже следниот круг. Тоа не се случи и прашав што се случива. Тие ми кажаа дека издувот ќе откаже бидејќи сите температурни лимити се надминати.

Побарав решение и тие ја намалија силата на моторот. Температурите паднаа под 1.000 степени што сепак е премногу но успеа да извози до крај – откри тимскиот шеф по трката.

Луис Хамилтон победи на неделната трка, а предноста пред Макс Верстапен му изнесуваше 1,5 секунди.

Се мачевме многу. Имавме проблеми со моторот. Потоа Макс имаше судар и ние се извлековме, никогаш не се предадовме. Направив се што можев да ја задржам разликата. Ова беше едно од најтешките искуства но сепак во некои моменти уживав бидејќи ми беше предизвик – дополни луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.