Шефот на Мерцедес, Тото Волф, откри дека проблемот со хидрауликата што го имаше болидот на Валтери Ботас во текот на Т3 сесијата бил невообичаен, но и дека болидот на Хамилтон е испитан и нема ризик од повторување на тој дефект. Финецот запре на 15-тина минути пред крајот на саботната утринска сесија, по што Мерцедес направија промена на моторот во неговиот болид, но не беше вграден нов, туку претходно користен агрегат.

Проблемот кај Валтери го немавме видено многу години, се работи за невообичаен проблем кој со оглед на километрите кои ги имаме поминато не требаше да се случи, така што мораме да го истражиме. Моторот оди назад во Англија на испитување.

Валтери ни објасни како се се случило и проблемот не би требало да се повтори со моторот на Луис, но како и да е, ова е потсетување колку се кршливи овие ситуации и колку сите притискаат до лимитот за да извадат перформанси.

Издржливоста ќе продолжи да биде клучна во ова првнество и поради тоа на трката мораме да сме фокусирани и да финишираме на најдобра можна позиција – најави Волф.

Австриецот продолжи дека екипата не смее здраво за готово да смета дека титулата ќе биде освоена вечерва.

Среќен сум со квалификациите, но трката е најважна. Во наши раце е да имаме добар резултат со Луис и се надеваме дека ќе биде решавачки за титула, иако потенцирам дека титулата сеуште не е освоена и не смееме да се опуштиме.

Треба да ја пренесеме топката преку линијата и тоа мора да се случи утре или во Бразил, поради што никој од нас сеуште не зборува за титула туку само за работа.

Тото ги пофали механичарите дека одлично ја завршиле работата со промената на моторот кај Валтери Ботас, што било отежнато со воздухот на големата надморска височина во Мексико.

Момците задолжени за моторот и мехаичарите завршија неверојатна работа со промената на моторот на болидот навреме и калибрација на истиот за да може да вози овдека на оваа надморска височина. тоа не е лесно, да се погодат сите работи. Валтери изјави дека речиси нема разлика, што ме прави многу среќен и задовол.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.