Моторот на Ериксон не ја преживеа несреќата, ќе има казна

114

Агрегатот на Ферари во болидот Заубер Алфа Ромео на Маркус Ериксон не ја преживеа вчерашната несреќа на возачот. Имено, ДРС системот на болидот не се затвори на време, по што следуваше судаар и неколку пируети во воздух.

Механичарите на Заубер го прекршиле полицискиот час ноќеска и рабоеле на болидот од 1 по полноќ до 9 утрото на промена на шасија кај швеѓанецот. Шасијата ја минала инспекцијата на ФИА, но моторот бил проблем.

Ериксон веќе има искористени 3 мотори со внарешно согорување и исто толку турбо полначи и хибридни МГУ-Х делови од системот за повраток на енергијата. Понатаму, искористи по две кинетички МГУ-К единици, две контролни електроники и батерии.

Новата промена на Ериксон ќе му донесе казна од 10 позиции на стартот.


Моторот на Ериксон не ја преживеа несреќата, ќе има казна

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>