Моторот на Верстапен “стишан“ по откажувањето на Рикардо

381
   

Ред Бул ја намалиле моќноста на моторот на Макс Верстапен за време на трката во Австрија по откажувањето на Даниел Рикардо од истата. Холанѓанецот ја донесе првата домашна победа на тимот на патеката која е во нивна сопственост, откако двата болиди на Мерцедес се откажаа поради дефекти.

Откажувањето на Рикардо било поради проблеми со издувот на неговиот болид, а Кристијан Хорнер призна дека биле загрижени.

Бевме загрижени дека може да се појави сличен проблем и кај Макс и поради тоа го “стишивме“ моторот и се обидовме да ги намалиме температурите. Го ставивме во нормална само во текот на последните два кругови за да се осигураме дека Ферари нема да влезе во нашата ДРС зона.

Делови почнаа да прегреваат кон крајот на трката, но Макс одлично менаџираше и контролираше се така што сите делови беа во границите на тестираната издржливост. Секако дека најнетрпелив бев во последните 25% од трката – откри Хорнер.

Тимскиот шеф откри и дека проблемот со издувот на Рикардо  носел топол воздух во задниот дел од болидот и поради тоа се случило прегревањето, но одби да каже дали тоа е истиот проблем кој ги забави петочните сесии на Верстапен.

Не сум сигурен дали е истиот проблем и нема да бидам се додека темелно не ги испитаме болидите по трката.

Во еден момент од трката, екипата од Милтон Кинс имаше 1-2 победа во раце, така што Хорнер смета дека не освојување на максимални 43 поени е единствното разочарување од Ред Бул Ринг.

Сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешич вложува толку многу во Формула 1. Погледнете ја организацијата и се што е направено на патеката викендов и плус две тркачки екипи. Да се победи во Австрија со него во публика е фантасично затоа што тој не доаѓа многу често на трките.

Имаше барем 20.000 холански фанови викендов, тука беа и лани, но го видова Макс само една кривина, така што се вратија за да видат победа – заврши тимскиот шеф.


Моторот на Верстапен “стишан“ по откажувањето на Рикардо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>