Макс Верстапен откри дека неговиот мотор престанал да работи во еден момент што го оневозможило да ја украде пол позицијата од Луис Хамилтон во Сингапур. Холанѓанецот смета дека квалификациите на Марина Беј биле најдоби во неговата кариера.

Неговиот прв К3 круг беше само три десетинки побавен од феноменалното време на Луис Хамилтон, а штом почнал да биде уште побрз во својот втор летечки обид, моторот во еден момент престанал да работи што му ги уништило шансите за победа на квалификациите.

Целосно неочекувано. Од денешната утринска сесија се тресев од гнев и нервоза, но сега се тресам ос среќа.

На Т3 имавме навистина многу проблеми, по грешка менувачот влегуаше во лер и моравме да застануваме на патеката во текот на летечките кругови, а на квалификациите се случи нешто слично.

Моравме да поработиме на моторот и загубивме малку време обидувајќи се да ги подобриме возните карактеристики, но сепак не беше како што планиравме.

Пред К3 почувствував дека болидот работеше одлично и немав на што да се пожалам така што кога видов дека имам второ време бев многу изненаден со оглед на проблемите кои ги имав претходно.

Во последната серија се обидов да притиснам малку повеќе и надоместив две десетинки во однос на првиот круг, но во пресрет на 16от и 17от свиок морав повторно да променам брзина и моторот едноставно исклучи и го прекинав кругот – појасни Верстапен.

Иако младиот возач не знае дали кругот би бил доволен за пол позиција, сепак е сигурен дека ќе било подобро време одошто псотигнатото во неговиот прв обид.

Не сум сигурен дали ќе беше доволно добро за пол позиција, сигурно ќе бев поблиску од три десетинки до Луис. Изненаден сум со второто место, а можев и повеќе. Единствено што можам да кажам е дека имав одлични квалификации, можеби најдобри во мојата кариера, болидот работеше фантастично – вели Макс.

Макс не очекува проблемите со агрегатот да се појават и на трка затоа што моторот се вози во различни модови во Недела одошто во Сабота.

Вообичаено е на трка да се намали моќта од моторот. Кога возите до лимитот, го оптоварувате моторот и тој се мачи, вознит својства се намалуваат, мапингот се пореметува и слично.

Вчера во текот на долгите серии немав никакво проблем. Ако се случи – се случи, не може ништо да промениме – додаде Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.