Моторциклистот на Сузуки, Алекс Ринс, го порази Валентино Роси на патот кон својата прва победа во МотоГП, додека доминацијата на Марк Маркез во Остин заврши откако шпанецот падна од својот мотор, додека имаше голема предност.

Маркез пол позицијата ја претвори во убедливо водство и изгледаше дека ќе стигне до 7 последователна победа во Остин.

Но во 9от круг, во свиокот 12 со предност од скоро 4 секудни, возачот на Хонда излизга. Иако се обиде да се врати, сепак не успеа да го стартува својот мотор и повторно падна, по што крајот беше очигледен.

Од тој момент Роси го превзеде водството со минимална предност пред Алекс Ринс од Сузуки, но италијанецот не успеа да се одбрани и Ринс го престигна во 17от круг во свиокот 7. Роси се обиде да врати во свиокот 12, но отиде прешироко и од тој момент не успеа доволно да се доближи до Ринс, иако разликата беше минимална.

8 секунди позади водечкото дуо, заврши Џек Милер со Прамак Дукати на трето место, за негов прв подиум по Холандското Гранд При во 2016 година. Андреа Довициозо стигна до 4то место, а со тоа го превзеде и првото место во генералниот пласман.

Франко Морбидели се пласираше на петто место за Петронас Јамаха, пред Данило Петручи на вториот фабрички Дукати, Фабио Куартаро од Петронас и Пол Еспаргаро на КТМ. Франческо Багнаиа од Прамак и Такааки Накагами од ЛЦР Хонда го комплетираа топ 10.

Мизерниот ден за Хонда започна со откажување на почетокот од страна на Кал Крачлоу во свиокот 11, додека беше трет позади Роси, како и со механички проблем за Хорхе Лорензо.

Вињалес имаше уште една трка за заборавање, со преран старт и казна со минување низ бокс. Трката ја заврши на 11тто место, пред Андреа Ианоне од Априлија и Жоан Зарко од КТМ.

Јоан Мир од Сузуки доби казна за истото и заврши надвор од поени на 17то место. Алекс Еспаргаро од Априлија падна во вториот круг, со што беше единствениот кој се откажа од трката, а не вози со Хонда мотор.

Во генералниот пласман, Андреа Довициозо е прв со 54 поени, Валентино Роси е втор со 51 поен, Алекс Ринс е на третата позиција со 49, додека Марк Маркез е четвртто пласиран со 45 поени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.