Хорхе Лорензо стигна до својата трета победа во МотоГП во 2018 година, откако го порази Марк Маркез во неверојатен дуел на Ред Бул Ринг во Австрија. 

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Стартувајќи од пол позиција, Маркез го предаде водството на Андреа Довициозо при стартот, но кога нападна во свиокот 3, ја влоши ситуацијата за двајцата моторциклисти, што му дозволи на Лорензо да го превземе водството на трката.

Сепак Маркез го претекна својот иден колега во Хонда во следниот круг, во истиот свиок и полека почна да гради предност пред дуото на Дукати. Неговата предност беше 8 десетинки кога Довицозо почна да го притиска Лорензо за втората позиција.

Но италијанецот успеа само да биде сенка на Лорензо во текот на неколку кругови, што му овозможи на шпанецот да ја намали предноста на Маркез. Тој најпрвин избегна прешироко влегување во свиокот 3 без да ја изгуби втората позиција, а потоа го претекна Маркез во првиот свиок од следниот круг.

Маркез нападна веднаш, но Лорензо имаше уште еден потег во истиот круг во свиокот 9. Овојпат немаше против напад од страна на Маркез, кој немаше намера да се откаже и постојано вршеше притисок над Лорензо во последните 5 кругови од трката.

Неговата прва можност беше во свиокот 3, кадешто Лорензо отиде прешироко, но возачот на Дукати се врати со агресивен маневар во свиокот 9. Во завршницата, Маркез направи уште еден маневар за претекнување во истиот свиок, а Лорензо не одговори во истиот круг, но прелета покрај Маркез на главниот правец.

Маркез се обиде да го повтори својот маневар во последниот круг, но Лорензо имаше подобар излез од надворешната страна и ја задржа својата позиција, завршувајќи ја трката со предност од само 0.130 пред лидерот во генералниот пласман.

Вториот моторциклист на Дукати, Довициозо, почна да заостанува во моментот кога Лорензо за првпат го превзеде водството, а на крајот ја заврши трката со заостанување од 1,5 секунда.

Кал Крачлоу од ЛЦР Хонда го помина поголемиот дел од трката како најдобар од останатите, додека Данило Петручи го комплетираше топ 5.

Валентино Роси имаше солидно враќање во трката, стартувајќи од 14 место на гридот, возејќи на осмата позиција во првиот дел од трката, а потоа претекнувајќи ги Алекс Ринс и Тито Рабат за пласман на шестата позиција.

Дани Педроса беше веднаш зад Роси на седмата позиција, додека Ринс, иако во првиот круг беше дури на третата позиција, успеа да заврши само на 8 место. Жоан Зарко и Алваро Баутиста го комплетираа топ 10, додека Рабат падна на 11 место, иако беше седмопласиран во поголемиот дел од трката.

Втората фабричка Јамаха на Маверик Виналес не помина ниту еден круг во топ 10. Тој падна на 16 место по стартот и успеа да заврши само на 12 место, пред Андреа Ианоне од Сузуки.

Бредли Смит од КТМ беше 14ти, додека Такааки Накагами заврши на последното место во поени со вториот мотор на ЛЦР Хонда.

Ксавиер Симеон од Авинтиа Дукати беше единствениот моторциклист кој испадна од трката.

Со третата победа, Лорензо сега е на трета позиција во генералниот пласман, додека водството на Марк Маркез се зголеми на 59 поени пред Валентино Роси.

Ова е пласманот по трката во Австрија:


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.