Една година откако стартуваше од првиот ред во Монца, Ленс Строл повторно одличен на италијанскиот автодром квалификувајќи се во К3 со неконкурентниот Вилијамс. Добрата работа и умниот слипстрим му донесоа на возачот премин најпрво во К2, а потоа и во последниот квалификациски сегмент.

Се мина како што треба денеска. Не очекувавме да дојдеме до ова стартно место, очекувавме многу повеќе предизвици и проблеми на квалификациите. Се се поклопи во К1, болидот беше одличен, добро менаџиравме со влечењето пред нас во текот на целиот круг и тоа многу ни помогна.

Склопив добра круг и во вториот сегмент и минав во К3. Тоа беше еден од оние кругови кога се се погоди – објасни канадскиот возач.

Ова е втор квалификациски пласман на 10то место за Ленс годинава, првиот дојде во Азербејџан, а тој смета дека се е заслужено.

Секако дека имавме долг лоша серија пред да дојдеме до добар резултат, а последните неклку месеци овој кокпит не е многу пријатно место за работа. Но, денеска сум задоволен и среќен за сите во тимот, мислам дека го заслуживме овој резултат, еден од оние до кои стигнувате со многу хемија во болидот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.