Монтеѕемоло: Тифозите беа одвратни кон Хамилтон

611

Во моментите кога Хамилтон ја славеше победата над Ферари во Италија, тој се најде под голем број на извици од разочараните тифози, што беше критикувано и од поранешниот шеф на Ферари Лука ди Монтеземоло.

Луис е фантастичен шампион, секогаш бил коректен и извозе фантастична трка. Точка. Тоа што се случи е навистина лоши и ме вознемири. Беше одвратно.

Откако по петти пат победи на Монца, Хамилтон ги тргна извиците на страна.

МИслам дека е прифатливо. Тоа го има во секој спорт. Да бидам искрен никогаш не ми се случило. Тоа ми даде дополнителна мотивација. Тоа ме прави посилен.

Во однос на тимските наредби на Мерцедес, каде Ботас му помогна на Хамилотн во борбата со Кими Раиконен, поранешниот шеф на Ферари не гледа никаков проблем.

Можам да ви кажам дека сме освоиле титули на тој начин со Кими и Маса и Баричело и Шумахер па дури и со Михаел и Ирвајн. Тоа е дел од историјата. Ботас не направи ништо лошо. Тој си извозе своја трка. Ги слушнав критиките. Тоа е нормално. Тешко е да се победи а уште потешко ако не победиш. Тоа вчера што го видовме не беше добро за публиката. Мерцедес ја заврши работата. Доколку јас бев на нивно место, истото ќе го направев.

Во раните седумдесети Монтеѕемоло ја спаси Ф1 програмата на Ферари кога беше поставен за шеф на тимот од страна на Енцо Ферари. Тој раководеше со Ники Лауда, го изгради Шумахер, Браун, ТОд и Рори Брн кои направија супер тим и владееја со спортот од 2000 до 2004 година.

Тој беше заменет со Серџо Маркионе и од тогаш е претседател на Олимпискиот комитет за 2024 година во РИм.


Booking.com

Монтеѕемоло: Тифозите беа одвратни кон Хамилтон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>