Монако, Т3: Ред Бул класа за себе, но Макс претера

1113

Ред Бул повторно беа класа за себе и на последната сесија во пресрет на квалификациите во Монако, но Макс Верстапен претера. Даниел Рикардо повторно беше најбрз и повторно го сруши рекордот на патеката, постави време за само една илјадитинка побрзо од неговиот тимски колега, но она што боли е сударот во ограда на Верстапен.

На помалку од 10 минути пред крајот на сесијата, Верстапен минуваше во делот кај базенот, загуби контрола и удри во оградата. Механичарите ќе имаат полни раце работа во пресрет на најважната сесија за Големата награда на Монако.

Каков-таков чекор со “биковите“ држеа Ферари, Ветел заостана повеќе од две десетинки од Рикардо, а Кими 35 стотинки. Луис Хамилтон беше побрзиот Мерцедес со 5то време и повеќе од десетинка зад Раиконен, додека Ботас беше десетинка зад него.

На 7мо и 8мо место како најдобри од останатите беа болидите на Торо Росо, Хартли само 9 илјадитинки пред Гасли, а тимот последен во иста секунда со најбрзото време на Дани. Во најбрзите 10 уште Карлос Саинз со Рено и Сергеј Сироткин со Вилијамс.

Над 2 секунди заостаток само двата болиди на Хаас и еден на Заубер, а Шарл Леклер 8 десетинки побрз од Маркус Ериксон.

 


Монако, Т3: Ред Бул класа за себе, но Макс претера

9 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>