Монако, Т2: Повторно 1-2 за Рикардо и Ред Бул

401

Уште еден 1-2 за тимот на Ред Бул во вториот слободен тренинг за Големата Награда на Монако, со Даниел Рикардо на чело.

Сесијата имаше прекин од 15 минути, кога отвор за дренажа се откачи пред влезот во еден од свиоците. Откако истиот беше поправен, сесијата продолжи и повеќето возачи ги изведоа своите квалификациски симулации.

Големиот број на болиди беше проблем за возачите, но Макс Верстапен најде доволно простор за да го постави своето најдобро време од 1:12.035 користејќи хиперсофт пневматици. Даниел Рикардо во тој период користеше веќе употребен сет.

Австралијанецот се врати на патеката, при помалку сообраќај, со нов сет на хиперсофт. По три обиди, тој извозе најбрз круг од 1:11.841.

Во оваа сесија, Себастијан Ветел од Ферари се пласираше на трето место, следен од Луис Хамилтон. Возачот на Мерцедес немаше успешна симулација на трка со суперсофт пневматици, истакнувајќи дека болидот бил небезбеден.

Кими Раиконен и Валтери Ботас го комплетираа топ 6. Позади нив, останатите места во топ 10 беа исполнети од возачите со агрегати на Рено, а дуото на Мекларен ги раздели двајцата возачи од фабричкиот тим на Рено.

При неговото враќање во Монако за првпат по 2011 година, Брендон Хартли се пласираше на 11 место. Возачите на Форс Индија беа позади него, следени од Пјер Гасли од Торо Росо.

Сергеј Сироткин беше најбрз за Вилијамс, на 15 место, пред дуото на Хаас и двајцата возачи на Заубер.


Монако, Т2: Повторно 1-2 за Рикардо и Ред Бул

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>