Поранешниот шеф на , Макс , понуди едноставно решение за намалување на трошоците во Формула 1, но смета дека на тимовите им фали верба за целиот тој проект да успее.

Мозли беше шеф на Интернационалната Автомобилистичка Федерација од 1991 година до 2009 година и е промотер на идеата за ограничување на буџетите на тимовите. Тој беше блиску до остварување на таа идеа во 2008 година, но тогаш дојде финансиската криза. Иако поголемиот дел од тимовите беа за таа идеа, Ферари на чело со Жан Тод ги спречи измените.

Се очекува дискусијата за ова наскоро да заврши и од 2021 да почне да се применува намалувањето на трошењето.

Ако бев диктатор, тогаш ќе го предложев следното. Ги земаме парите од ФОМ и ги делиме на 10 еднакви делови на тимовите. Тоа се 60 милиони по тим. ТОа е сумата што може да ја трошат тимовите за се, вклучувајќи и плати на возачи.

Парите од спонзорства се нивни профит. Тоа ќе го направи Ферари исклучително профитабилен. Каде е желбата за успех ако трошиш повеќе само затоа што трошиш повеќе. Нашите инженери се подобри од тоа – ја објасни својата идеа мозли.

Но, постојат неколку возачи кои веќе добиваат плати со 8 цифри и лимитот на Мозли е невозможен. Да не се спомнува и комплексноста на имплементацијата, но Мозли сепак кажува дека трошењето во Формула 1 може да биде ефикасно и тимовите да испорачуваат.

Тоа е само сума која ја смислив, Но мислам дека може да биде и поголема. Да се задржиме на 60 милиони. Тоа се многу пари и неколку пати повеќе од Формула 2.

Доколку се обојат болидите на Формула 2 во боите на Формула 1 трибините ќе бидат празни, а на телевизијата нема ни да се примети разликата.

Големите пари се позади сцената. Никој не сака да знае како тимовите го прават менувачот и слично. Тоа нема удел на спектаклот. Што би се случило со таков модел? Тимовите би трошеле многу. Тие или ќе останат во бизнисот и тоа е добра стартна база. Се додека се користи технологијата, тие се конзервативни за промена на системот. Тие не сакаат промени. Големите тимови не сакаат да се откажат од нивната предност.

Доколку вработите три пати повеќе луѓе тоа е како да се тркате со мотор со поголема зафатнина. Тимовите никогаш нема да се согласат со лимитирање на буџетот заврши поранешниот челник на фиа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.