Мишелин не се враќа во Ф1

103

Францускиот производител на гуми, Мишелин, одлучиле да не се враќаат во Формула 1 и да не аплицираат на тендерот за снабдувач. Мишелин направиле проценка на потенцијалното враќање во спортот откако ФИА го отвори тендерот за официјален снабдувач од 2020 година до 2023 година.

Првично од Мишелин изјавија дека не сакаат да прават 13-инчни тркала за тркачката серија, но и дека не сакаат да работат со гуми кои веднаш деградираат што е спротивно на нивната корпоратифна филозофија. По долги анализи и наближување на рокот за аплицирање, франузите одлучија да не доставуваат понуда.

Ги добивме техничките спецификации од Тендерот на ФИА и внимателно и темелно ги проучивме. Препораките на Мишелин за премиинување на 18-инчни тркала слично на Формула Е се прифатени, за што сме воодушевени.

Сепак, барањето за снабдување со 13-инчни тркала само во 2020 година како и деградацијата која се бара за да се биде дел од шоуто се против нашите принципи на ефикасно менаџирање со ресурсите и технологијата на издржливи пневматици.

Поради тоа решивме да се повлечеме и да не даваме Понуда како одговор на тендерот и да продолжиме да го следиме развојот во Формула 1 во годините кои следат – гласи соопштението на Мишелин.


Мишелин не се враќа во Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>