Мишелин верува дека тркањето би се подобрило доколку има војна на гумите и тоа би се случило и доколку тие се единствен добавувач со пневматици во спортот. Минатиот Петок беше затворен тендерот за гуми, а Мишелин претходно потврди дека тие нема да учествуваат на истиот. За шефот на компанијата Паскал Коусон, Формула 1 губи со тоа што Мишелин не е дел од спортот.

Дали е Формула 1 добра сега? Тоа е моето прашање. Спортот и производителот на гумите треба повеќе да ризикуваат споредено со денес. Видете го МотоГП, Носиме три вида на гуми за напред и позади и возачите избираат. Тие ја завршиваат трката со три различни комбинации на подиум.

Најдобар комплимент е дека Мишелин направиле војна на гумите што ја сакаат во Формула 1. Да не го заборавиме и ВЕЦ каде имаме посебни гуми за секое возило. Никој не се жали и работи со најдобриот пакет за нив и сите се борат. Тоа е филозофијата што ја сакаме во Формула 1.

Дали Мишелин одлучиле да ги заменат Пирели, Коусон изјави дека тие размислувале по замената на гумите од 13-инчни на 18-инчни.

Бевме информирани за клучни делови од тендерот, и сметаме дека има некои пречки. Очигледно е дека треба да имаме развој на 13 инчни тркала за 2019 што нема никаква смисла. Тоа би не чинело многу. Буџетите се ограничени и треба да се осигураме дека тоа што е во моторспортот ќе се користи и во обичните автомобили. Тоа е сериозна пречка од која стартуваме.

Но, ние не сме обесхрабрени и очекуваме предлог за 18 инчни гуми кои ги правиме од 2010 година и беа дел од Формула Е. Клучно е да развиеме пакет за да му помогнеме на возачот да го докаже талентот. Не веруваем дека со деградацијата на гумите и вештачката стратегија е начин да се работи со гумите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.