Поранешниот сопственик на тимот Минарди, италијанецот Џианкарло Минарди, верува дека назначувањето на Матиа Биното за тимски шеф на Ферари е правилната одлука.

Ферари ја објави нивната одлука да го замени Маурицио Аривабене во Понеделникот. Откако ја превзема улогата од Марко Матиачи на крајот на 2014 година, Аривабене беше заменет од својата позиција, а на негово место дојде досегашниот технички директор, Матиа Биното.

Поранешниот италијански сопственик на Минарди го сподели своето обемно мислење околу промените кај неговите поранешни ривали:

Целосно се согласувам со одлуката на Ферари, бидејќи имам голема доверба во Матиа Биното како техничар, а резултатите го потврдуваат тоа.

Тој доаѓа од школото на Рос Браун кое му донесе на Ферари неверојатни резултати заедно со Жан Тод и Михаел Шумахер – вели Минарди.

Интересно, Минарди не смета дека промените на врвот во Ферари се завршени. Во Декември, Пијаџо Групацијата најави дека спортскиот директор, Масимо Ривола, преминал во Априлија и е заменет од Лоран Мекиес, кој претходно работеше во ФИА. Коментарите на Минарди можеби посочуваат кон шпекулациите дека моменталниот Главен извршен директор на Ферари, Луи Ц. Камилери е под закана.

Не верувам дека промените се завршени и следните две недели ќе бидат критични.

Изгледа како повраток кон минатото. Пристигнувањето на Лоран Мекиес е многу позитивен сигнал и тој може да биде важен партнер во улогата на Спортски Директор. Го познавам Лоран многу добро од деновие на Минарди, пред да премине во Торо Росо, а потоа и во ФИА. Тој ги познава регулативите и тоа е добар знак за иднината.

Биното ќе има специфична и не толку лесна улога во менаџирањето на Себастијан Фетел, кој мора да се врати по комплицирана сезона и кој ќе мора да најде сила за да ја заборави негативната страна на 2018 година – додаде Минарди.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.