Мик Шумахер: Ф1 сеуште е моја цел

485

Мик Шумахер, синот на седумкратниот Формула 1 првак Михаел, неодамна победи на својата прва Формула 3 трка. 19-годишникот почна во таа јуниорска серија лани, сезоната ја заврши на 12то место со само еден подиум зад себе, а годинава продолжи да воиз за Према покажувајќи силно зголемена конкурентност. На Спа на крајот на минатиот месец дојде до пол позиција на втората трка, а потоа и до својата прва Формула 3 победа во кариерата.

Према е трофејна екипа, а со настапот кај нив ги следи чекорите на Ландо Норис, Ленс Строл, Естебан Окон и Рафаеле Марчиело. Се надева дека ќе предизвика за титула, но во исто време е и свесен дека среќата му го врти грбот.

Тркачката серија е многу силна, има навистина одлични возачи кои доаѓаат од картинг. За мене за жал среќата не би беше наклонет до сега и се надевам дека ќе биде многу подобро во остатокот од сезоната. Ќе се борам се додека не стигнам на врвот.

Секако дека моја цел одсекогаш бил Формула 1 и тоа не е променета. Одам чекор по чекор и нетрпелив сум – изјави Мик.

Се чини дека младиот германец ги следи стапките на својот татко кој своето деби го имаше токму на Спа во 1991 година, а таму победи и за прв пат.

Имам одлични спомени од Спа, како што знаат сите тоа е дневна соба на татко ми. Навистина ми се допаѓа да се тркам таму и секогаш сум среќен да се вратам.


Мик Шумахер: Ф1 сеуште е моја цел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>