Тимот на Германија ќе има совршен тандем на Трката на Шампионите закажана за Јануари во Мексико, со Мик Шумахер и Себастијан Фетел.

19 годишниот шампион во европската Ф3 ќе го има своето деби на познатиот настан на 19 и 20 Јануари на стадионот Форо Сол, лоциран на патеката Ерманос Родригез.

На Мик Шумахер ќе му се приклучи Фетел кој победи на шест последователни Купови на Нациите на оваа трка со неговиот татко, Михаел, а младиот возач се надева дека ќе продолжи од таму каде застана неговиот татко во 2012 година.

Пресреќен сум што бев поканет да учествувам во Трката на Шампионите како шампион од Формула 3 првенството. Уште повеќе сум почестен што ќе бидам дел од тимот на Германија заедно со Себастијан Фетел.

Нема да биде лесно бидејќи Себастијан е голем играч во оваа трка и секако дека сакам да бидам вреден тимски колега за него! Неможам да опишам колку одвај чекам на трката, која ќе се одржи на патека каде годинава се одлучи шампионската титула, а сите забележаа колку мексиканските фанови се забавуваат.

Целиот викенд ќе биде спектакуларен за мене. Деби на таков настан ќе биде спектакуларно – изјави Шумахер.

Трката на Шампионите е годишен настан кој се одржува изминативе 30 години. Тоа е собир на најдобрите возачи во моторспортот од најголемите тркачки серии, вклучувајќи ги Формула 1, НАСКАР, ИндиКар, Ле Ман, Рели првенството и Рели Х, а во која возачите се натпреваруваат еден против друг со идентични возила.

Почестен сум што ќе учествувам во ова трка која татко ми од секогаш ја сакаше и во која постигне голем успех заедно со Себастијан.

Има многу возачи кои ќе бидат дел од трката и одвај чекам да се натпреварувам против нив и да ги запознаам подобро. Одвај чекам и на забавата која ќе им ја понудиме на фановите во Мексико.

Секако, ќе направам се што можам да напредувам што повеќе во индивидуалниот настап и да го освојам трофејот со Себастијан за тимот на Германија – додаде Шумахер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.