Мик Шумахер, син на седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, вели дека понекогаш е тешко да се биде во сенка на неговиот татко, во период кога се обидува да ја изгради сопствената моторспорт кариера.

19-годишниот возач ќе учествува во Формула 2 тркачката серија во 2019 година, откако ја освои титулата во Европското Формула 3 првенство, а од скоро потпиша договор и стана дел од Академијата за Возачи на Ферари.

Но, растејќи како син на Михаел Шумахер, кој Мик смета дека е најдобар Формула 1 тркач на сите времиња, не му го направило патот лесен, иако сепак признава дека тој факт има и своја позитивна и негативна страна.

Тркањето  и картинг се нормална работа во моето семејство и од секогаш сум сакал да возам картинг со татко ми. Беше многу забавно да го споделувам тоа со него и паметам кога еднаш ме праша дали тоа ќе биде мое хоби или ќе сакам да го правам професионално. Веднаш му одговорив дека сакам да го правам професионално. Никогаш не сакав да правам нешто друго.

Среќен сум што сум син на најдобриот Формула 1 тркач на сите времиња. Среќен сум што тој е најдобриот на сите времиња и му се восхитувам поради тоа. понекогаш е тешко, таква е ситуацијата.

Има добра и лоша страна. Имајќи ја сета подршка од луѓето околу мене не е лоша работа. Благодарен сум на тоа.

Секој мора да открие што е најдобро за него. Секогаш велевме дека е потребно време за јас да се развијам како тркачки возач на најдобриот можен начин и тоа добро го направивме.

Сакам да научам повеќе, да ги подобрам моите способности во тркањето со Формула 2 болид, но исто и во работата со тимот и навистина одвај чекам на оваа нова авантура – изјави Мик.

Седумкратниот шампион, Михаел, кој веќе наполни 50 години, не е виден во јавноста по неговата скијачка повреда во Декември 2013 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.