Во пресрет на трката во Абу Даби, Мерцедес открија дека ќе ризикуваат и ќе го користат спорниот изајн на своите задни тркала.

Контроверзниот обрач со дупки на задните тркала кои го подобруваат ладењето, беше по истрага на ФИА откако Ферари поара појаснување дали истиот е согласно правилаа.

Иако концептот доби одобрување од техничкиот оддел на ФИА и беше одобрен од стјуардите во Мексико, “сребрените“ не го користеа на трка од Јапонија затоа што не сакаа да ризикуваат нова пријава и протест од ривалите. Но, со титулите “во џеб“, Тото Волф откри дека екипата размислува да се трка со спорните задни обрачи.

ги тестиравме во петок и потоа ќе донесеме одлука дали ќе ги користиме. веројатно ќе се тркаме со нив и ќе видиме каков ефект ќе имаат – најави волф.

Австрискиот тимски шеф појасни дека на последните трки излегуваат на патеката без спорниот дизајн на задните тркала за да не дозволат дел од шампионскиот успех да биде препишан на нелегален систем.

сакавме да одбегнеме било каква контроверзија, тоа е жешка тема, ферари не ги сакаа иако добивме дозвола од фиа да ги користиме. не сакавме првенството да заврши во судница, немаме голема корист од истите и поради тоа можеби ќе се обидеме само овој викенд.

првенството е решено и контроверзија може да си дозволиме по поледната трка затоа што не влијае на првенството – појасни тото.

Ферари секогаш негираа дека имаат намера да се жалат по спорниот дизајн, но Мерцедес не веруваат во тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.