Мерцедес ќе има поинакви тимски наредби

366
   

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека разговорот околу тимските наредби за трката во Јапонија ќе биде поинаков со цел да се избегне повторување од ситуацијата во Русија минатиот викенд.

Волф вели дека тимот мора да ги држи опциите отворени и да биде подготвен да реагира, бидејќи не е во можност секогаш да планира однапред поради различните сценарија.

Хамилтон и тимскиот колега, Валтери Ботас, ќе го делат првиот стартен ред во Сузука, што значи дека ќе бидат блиску еден до друг по стартот. Запрашан од Motorsport.com дали тимот ќе поинаку ќе го води брифингот пред трката со возачите, Волф потврди дека тие направиле анализа на своите одлуки по минатиот викенд.

Да, дефинитивно, бидејќи научивме и продолжуваме да учиме.

Можеби нашата дискусија во Русија во утрото пред трката беше добра, но не ја зема во предвид ситуацијата во која бевме под притисок, во ситуација на сендвич помеѓу Себастијан и Луис и Верстапен.

Тоа ве потсетува дека најдобриот план не преживува контакт со непријателот, а тоа ни се случи во Сочи. Дискусијата утре ќе биде поинаква, ќе остави доволно простор да се донесат одлуки кои се неопходно зло – изјави Волф.

Тото признава дека не постоело доволно јасна слика во Русија, поради што Ботас беше толку фрустриран кога му беше наредено да се помести.

Претпоставувам дека направив грешка што не бев целосно јасен околку тоа што сакам да постигнеме. Се наоѓам во ситуација помеѓу тркач и ладнокрвен рационалист, што всушност треба да бидете во таква ситуација.

Размислувајќи за трката, Валтери како вози на прво место, Луис на второ и Себастијан на трето, помислев дека освојуваме 3 поени повеќе од Себастијан и ја зголемуваме предноста.

Но, во трката бевме во ризик да го изгубиме второто место од Себастијан, а со тоа и да се намали предноста во првенството и поради тоа ја променив мојата одлука. Од тој момент поминавме многу време, разгледувајќи ја ситуацијата и поради тоа можеби ќе го променам моето мислење.

Би сакал да ги оставам опциите отворени за утре и да видиме како ќе се одвива трката. Како и во Сочи ќе го дискутираме секое сценарио, бидејќи оригиналниот план не преживеа контакт со непријателот.

Предноста не менува ништо. Во 2007 година, на 2 трки пред крај (45 поени во денешно време), Луис ја изгуби титулата. Дали некој би помислил дека може да загубите 45 поени во две трки? Невозможно.

Трките се одвиваат во Недела, а не секогаш најбрзиот болид победува.

Имавме момент во летниот период кога не бевме најбрзиот болид и стигнавме до победи. Не би ја тргнал ногата од педалата за гас бидејќи откажување и луда трка, се ќе исчезне. Не се менуваме – додаде Волф.


Мерцедес ќе има поинакви тимски наредби

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>