Мерцедес одбраа да користат целосно нов мотор во 2019 година откако нивните анализи поакажале дека тоа е неопходно за да ја задржат доминацијата во спортот.
Тимот го промовираше својто болид денеска во Силверстон и потврдија дека моторот е целосно нов.
направивме промени на архитектурата на ладењето што се надеваме дека ќе ни донесе аеродинамичка корист на болидот, но и ефикасност на моторот така што се надеваме дека добиваме како на страна на шасијата така и на страна на моторот.
Во средина на моторот се случува конверзија на горивото во топлина ослободена при согорувањето и тоа е корисно за осовината.
направивме чекори и кај ефикасноста на согорувањето и кај системот за повраток на енергијата. турбо полначот и неговото спојување со топлинскиот мгу-х, инвертерот, келиите и кинетичкиот мгу-к сите тие работат многу поефикасно и помагаат за подобро распоредување на енергијата во текот на трката – појасни енди кауел, одговорен за моторите во бриксворт.
И покрај тоа што новите павила дозволуваат дополнителни 5 килограми гориво сезоната, “сребрените стрели“ се насочиле кон ефикасноста. Кауел најавува дека Мерцедес нема да вози со максималните 110 килограми гориво секогаш.
ако имате ефикасен мотор со ефикасна аеродинамика и сте подготвени за мало штедење на гориво тогаш имате можност да почнувате трки со помалку од 110 килограми гориво.
за секои 5 килограми гориво помалку, добивате 2 десетинки по круг така што тоа е награда за почнување со полесен болид.
сеуште има конкурентна предност од создавање на ефикасен болид, моторот и аеродинамиката во комбинација со паметна трка даваат предност.