Шефот на Мерцедес, Тото Волф, го опишува Михаел Шумахер како “основач“ на Формула 1 екипата која последните години има огромен успех во врвот на моторспортот и доминира со тркачката серија.

Шумахер, кој денеска полни 50 години, се врати од пензија за да се вклучи во враќањето на “сребрените стрели“ во Формула 1 и мина 3 години во екипата со само еден финиш во поени. Австрискиот шеф смета дека придонесот на Црвениот Барон во Формула 1 екипата бил огромен.

михаел е еден од основоположниците на успехот кој го имаме последните пет години. не постои возач како него со толку големо искуство кој придонесе во огромна мерка во развој на нашата екипа. беше клучен кога се вративме во формула 1 и беше еден од оние кои поставија темели за денешниот успех. премногу сме му благодарни за се што стори за нас – изјави тото.

Волф го превзема раководењето со Мерцедес во 2013 година, сезоната во која Шумахер беше заменет со Луис Хамилтон и се присетува на првиот состанок со германската легенда. Тогаш, Шумахер го поканил на партија табла.

ме “утепа“ првите две партии табла затоа што јас бев под импресии од неговото друштво. игравме и разговаравме целиот лет, разговорот беше продуктивен и искрен, а кога слетавме имав чувство како да го знам многу долго време – се присетува волф.

Во 2013 година германецот имаше тешки повреди на главата и одтогаш има многу малку податоци за неговата здравствена состојба.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.