Мерцедес со идеја за трет болид

317

Се повеќе тимови би сакале да има трет болид во кој би се сместил некој од младите возачи за да им се помогне на талентите во спортот.

Младите возачи се фрустрирани бидејќи немаат можност за докажување а меѓу нив се Окон, Расел и Верлејн кои се јуниори на Мерцедес.

Наместо да се ограничуваат тимови со два болиди, Волф смета дека отварање на можност за трет болид ќе им помогне на јуниорите.

Имаме одлично решение. Дајте ни трет болид. Направете го со правило да мора да вози млад возач со максимум две години искуство. Трошоците нема да се големи. Гридот ќе биде полн и ќе има одлично шоу за новите возачи кои ќе се борат со Валтери и Луис.

Иако Ред Бул се одлучи за втор тим да го обучи нивните возачи од каде дојдоа Ветел, Рикардо и Верстапен, Мерцедес не би одел во тој правец.

Вотр тим нема смисла за нас. Мислам дека вака големите тимови нема да ризикуваат со млади возачи. Сега викаат дека е досадно. И мислам дека е точно. Ако превземеме ризик со топ болид тогаш им даваме шанса на младите. Но проблемот е да не се изгубат поени во шампионатот додека учат што не е добро. Не сме го правеле тоа ниту ние ниту Ферари и треба да го разгледаме.

Окон е скептичен за таа идеа како би се остварила.

Ако тоа е случајот било одлично. Но не мислам дека тоа ќе се случи да бидам искрен. Секако би сакал да го видам тоа. Тоа ќе отвори повеќе шанси за возачи како мене и Леклер или Џорџ. Но секогаш имало два болиди во спортот и дополнителен трошок би бил проблем за тимовите. Можеби треба повеќе да се размисли.


Booking.com

Мерцедес со идеја за трет болид

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>