Мерцедес со втор мотор од Канада

543

Тото Волф потврди дека сите екипи кои возат со агрегати на Мерцедес ќе го добијат својот втор мотор на престојната трка во Канада. Долгите правци на Жил Вилнев се одлично место за Мерцедес, Форс Индија и Вилијамс да го добијат својот втор мотор од дозволените три оваа сезона.

Исто така, се очекува “сребрентие“ да имаат доста новини на својот агрегат со цел да ја вратат доминацијата која во моментов им ја одзема Ферари.

Канада означува 1/3 од овогодишната сезона и по 6 трки можеме да видиме дека сме во подобра позиција во конструкторскиот поредок одошто бевме пред 12 месеци. Во исто време и битката е пожестока, Ферари и Ред Бул се претенденти за победи на секоја трка и момент за одмор не постои.

Очекуваме многу екипи да направат прва промена на мотор во пресрет на оваа трка, а сите корисници на мотор од Мерцедес ќе го направат тоа. Ние притискаме со цела сила да донесеме колку што може повеќе новини колку што може поскоро.

Викендов ќе биде тесна битка како и на секоја трка сезонава, но ние сме нетрпеливи и отворени на таков предизвик – појасни Волф.

Австрискиот тимски шеф смета дека конфигурацијата на патеката ќе одговара на нивниот болид за разлика од Монако.

Во Монако бевме сконцентрирани на ограничување на штетата и отидовме на таа трка знаејќи дека ќе бидеме 3ти најбрз болид што и се покажа како точно.

Последните години Мерцедес беа одлични во Монтреал и тоа е една од најуспеѓните патеки за Луис Хамилтон. Сепак, перформансите од минатото никогаш не носат гаранција за успех, треба да се осигураме дека ќе извадиме максимум од пакетот и гумите вклучително и хиперсофт.

По здодевните Шпанија и Монако, Тото очекува голема возбуда во Монтреал, патека која сама по себе дава можности за претекнување.

Монтреал е патека која секогаш нуди забавна трка, патека каде претекнувањето е очигледно можно, брзините се високи, а болидите се на лимитот. Исто така, бариерите крај патеката не допуштаат грешка, така што на возачите им треба самодоверба за да го користат целиот асфалт, особено на квалификациите кога решаваат нијанси.


Booking.com

Мерцедес со втор мотор од Канада

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>