Мерцедес сакаат да го сместат својот резервен и развоен возач Џорџ Расел во Вилијамс следната година, според The Times. Во моментов тој води во Формула 2 поредокот со 12 поени предност пред Ландо Норис, резервистот на Мекларен, на 4 тркачки викенди пред крајот на сезоната. Во 2018 година Расел имаше 4 победи и уште 3 подиуми по што е на добар пат да го повтори остварувањето на Шарл Леклер со последователни ГП3 и Формула 2 титули.

20-гпдишникот за прв пат се појави во Формула 1 на петочна тренинг сесија за Форс Индија во пресрет на Големата награда на Бразил и Големата награда на Абу Даби во 2017 година.

Партнерството на Мерцедес и Вилијамс се однесува само на доставување на мотори, а со оглед на фактот што во Гров следната сезона ќе се користат и менувачи на Мерцедес, можно е засилената соработка да резултира и со возач од “сребрените“. Евентуално место би се ослободило со заминувањето на Ленс Строл за кого се шпекулира дека ќе премине во Форс Индија.

Џорџ прави фантастичнра работа годинава во Формула 2, моментлано води во поредокот и покрај мали проблеми, но интересот за него е огромен од очигледни причини.

Немаме слободно место за него во Мерцедес во догледно време, но тој е еден младите возачи за кои се грижиме и ги разгледуваме опциите за евентуален Формула 1 кокпит следната година – објасни Тото Волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.