Мерцедес предоцна ги забележале остатоците на патеката

446

Тимот на Мерцедес откри дека остатоците на патеката кои го дупнаа пневматикот на Валтери Ботас биле забележани предоцна. Финецот ја поведе трката по вториот рестарт, но на три круга пред крајот мина остатоци од нечиј болид кои се најдоа на патеката и ја дупна задната десна гума што значеше крај на неговата трка.

Не го предупредивме затоа што не го видовме. Прв пат кога ги забележавме тие остатоци беше во моментот кога тој доаѓаше по правецот и налета токму на нив. Поради тоа не направи никаков маневар, затоа што не ги виде остатоците, а не ни доби предупредување од нас.

Го видовме како се наближува право на нив, но само половина секунда или цела секунда пред целосно да мине над нив и немаше доволно време да го предупредиме по радиото. Ако забележевме на време дефинитивно ќе го предупредевме како што правевме и во претходните кругови со двајцата возачи поради големиот број остатоци на патеката.

Ги водевме возачите да изберат најдобра линија на минување без никаков проблем, но во тој случај беше предоцна. Голема штета за Валтери затоа што возеше супер цел викенд и имаше одлична трка – изјави инженерот на Мерцедес, Ендру Шовлин.

Стратегијата на “сребрените“ за Ботас беше повеќе од јасна. Тој требаше да мине на патеката колку што може повеќе со првиот сет на гуми за да биде на асфалтот при евентуално Безбедносно возило и да го искористи истото за да промени гуми и тоа да биде сторено во минимален период.

Апсолутно на тоа се надевавме. Во Баку шансите за Безбедносно возило се многу големи. Штом Себастијан влезе го остави тој прозорец отворен затоа што беше далеку зад Валтери и знаевме дека ако застанеме за време на некој инцидент ќе загубиме помалку време и ќе се вратиме во трка пред Ферари. Тие се надеваа дека нема да има никакво Безбедносно возило. Тоа се тие различни стратегии на кои “играа“ тимовите.

Не е лесно да сте прв и да ја контролирате трката затоа што сите останати бараат начин да ве минат. Сепак, тука е и проблемот со Безбедносното возило и нема соодветна заштита од двете работи. Сето тоа создава можности за оној кој е на 2ро место.


Мерцедес предоцна ги забележале остатоците на патеката

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>