Мерцедес потрошиле 310 милиони фунти лани

209
   

Формула 1 тимот на Мерцедес лани потрошил точно 309,7 милиони фунти, што е 45,9 милиони фунти повеќе од 2016 година кога потрошија 263,8 милиони фунти. Зголемувањето според финансиските извештаи се должи на подолемите трошоци за истражување и развој кои произлегуваат од новите правила за болидите.

Овие бројки се однесуваат само на потрошувачката на Формула 1 екипата во Бракли, но не и на фабриката во Бриксворт која ги прави моторите кои освен фабричкиот тим ги користат и Вилијамс и Форс Индија.

Од вкупните трошоци за тимот, само 60 милиоин фунти покрила матичната компанија Даимлер од Штутгарт, што е доказ за маркетиншката моќ на екипата.

Вкупните приходи од наградниот фонд за Формула 1, спонзорските договори, маркетингот и плаќањата од Даимлер пораснале од 289,4 милиони фунти на 337,2 милиони фунти. Вкупниот маркетинг приход кој Формула 1 екипата го остварила за Даимлер за последните две години изнесува 90,8 милиоин фунти.

Во 2016 година тимот имаше загуба од 3,8 милиони фунти која се должи на големото плаќање данок, додека лани оствариле добивка од 13,3 милиони фунти.

Исто така, екипата платила и 19,9 милиони фунти на Даимлер за користење на нивните мотори. Бројот на вработени со кој Формула 1 тимот ја заврши сезоната изнесува 912, што е зголемување од 849те на крајот на 2016 година, по што вкупните трошоци за плати пораснале за 3,9 милиони фунти.

Мерцедес исто така објавија дека имале 24,7% дел од телевизискит епреноси што според проценките изнесува реклама вредна 3,4 милијарди фунти за тимот.


Мерцедес потрошиле 310 милиони фунти лани

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>