Можно е Мерцедес повторно да ја одложи новата спецификација на својот мотор во моменти кога се обидува да стигне колку што може поблиску до Ферари. Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, призна дека не знаат колку напреднал нивниот конкурент Ферари и сакаат нова спецификација пред почетокот на продолжението од сезоната за брзите Спа и Монца.

Не знаеме што направиле Ферари, но гледаме дека имаат многу повеќе перформанси последните неколку трки и истите се повеќе се зголемуваат.

Звучам како расипана плоча и си се потсетувам како некои други го зборуваа тоа за нас повторно и повторно последните неколку години, а не сакам тоа да биде така. Треба навистина силно да притискаме како на шасијата така и на моторот и да најдеме дополнителни перформанси кои знаеме дека се тука. Тешко е и сложено, но ќе биде во ред – смета Волф.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Мерцедес ја одложи својата втора спецификација сезонава која требаше да пристигне во Канада, но пристина неколку недели подоцна за време на враќањето на Француското Гранд При на календарот. Вообичаено новите мотори во Формула 1 стигнуваат по летната пауза за белгиска Спа и италијанска Монца, патеки кои бараат голема моќ од моторот. Се поизвесно е дека Себастијан Ветел и Кими Раиконен ќе го добијат својот нов мотор за продолжетокот на првенството, откако Заубер и Хаас ја тестираа спецификацијата на Хунгароринг на последната трка од сезоната.

Во моментов сме во интересна фаза од развој на третиот мотор од кој сакаме да извадиме уште повеќе перформанси се до Спа и Монца. Штом ќе имаме конкретни податоци ќе кажеме официјално дали моторот ќе го донесеме токму тогаш или ќе го одложиме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.