По првите тренинзи во Абу Даби моторот на Луис Хамилтон е вратен во нормала по оштетувањето што го претрпе на претходната трка возена во Бразил.

Проблемот бил делот за внесување воздух во делот за согорување и поради тоа имало нестабилно согорување за време на трката во Бразил каде тимот спречи неизбежно откажување на моторот.

Моторот бил сеуште оштетен но направиле неколку модификации надвор од параметрите забранети од ФИА во обид да не користат стари компоненти или да добијат казна за замена со нови.

Направивме неколку проверки на моторот на Луис и тој работи нормално што се одлични вести. Можеби на моменти работеше со повисока температура од другиот, но работеше добро – изјавија од мерцедес.

Валтери Ботас го постави најбрзото време на вториот тренинг пред Макс Верстапен. Хамилтон беше две десетинки побавен од Ботас и мораше да се задоволи со четврта позиција.

Инжинерот од Мерцедес, Ендру Шовлин изјави дека Мерцедес планирале да екпериментираат на првите два тренинга за наредната година и на тимот да му дадат достојна платформа за да продолжат.

Имавме доста тестови на делови за наредната година на двата болида во Т1 и имавме доста работа, но сепак ни остана и време да се спремиме за нормална трка. Во Т2 имавме нормална програма – откри шовлин.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.