Мерцедес открија дека на Луис му фалел дел од подот на неговиот В10 болид по крајот на првото Австралиско Гранд При.

Британецот тргна од пол позиција, но го загуби водството уште пред првата кривина од својот тимски колега, кој доминантно победи по 58те кругови возење по Алберт Парк.

Актуелниот првак во ниту еден момент не дојде во ситуација да го нападне својот фински колега и наместо тоа се сконцентрира да не го загуби своето второ место од Макс Верстапен кој крајот на трката. Успешно го задржа холанѓанецот зад себе и им донесе 1-2 победа на Мерцедес на премиерата со В10 болидот.

откривме оштетување на подот од болидот на хамилтон во делот околу левото задно тркало, односно пред истото кое го предизвикало проблемот со балансот кој го имавме со тој болид. дел од подот недостасува, но не сме сигурни зошто и во кој дел од трката отпаднал – изјави портпаролот на “сребрените стрели“.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.