Шефот на Мерцедес, Тото , најави дека тимот ќе оди “до даска“ на последната трка од сезоната откако двојната круна за 2018 година е веќе обезбедена.

Англо-германската екипа ја освои својата 5та последователна титула, откако го обезбедија и конструкторскиот наслов на минатата трка во Бразил.

имаме уште една трка до крајот на 2018 година и сакаме да приредиме добро шоу за фановите кои не поддржуваа во текот на сезоната. нашата “сребрена стрела“ победи на 10 трки сезонава, но сакаме да додадеме уште еднаш, особено за валтери ботас кој загуби неколку трки несреќно, но и поради тимски наредби.

знаеме дека битката ќе биде тешка затоа што двата болиди на ред бул и ферари ќе имаат иста цел затоа што сакаат добар моментум во пресрет на зимата – најави волф.

Новокрунисаниот шампион победи на последната трка во Бразил, благодарение на сударот на Естебан Окон и Макс Верстапен, но неговиот мотор претрпе оштетување на трката така што не се знае дали ќе ја почне трката во Емиратот со казна поради нов мотор. Ова дава добра шанса за Валтери конечно да дојде до победа.

имаме четири победи по ред на јас марина иако патеката има многу бавни и средно брзи кривини. напредувавме во однос на перформансите на нашиот болид на слични патеки и убедени сме во добар настап во и одличен крај на оваа сезона – заврши Торо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.