Мерцедес не бара возачи

117

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, вели дека екипата не бара возачи на друго место освен во самата екипа. Невообичаено “сребрените“ во моментов немаат возач под договор за 2019 година, во тек се преговори со Луис Хамилтон, додека иднината на Ботас ќе биде одлучена подоцна во првенството.

Падокот шпекулира дека можен кандидат за Бракли е Даниел Рикардо, но Тото вели дека не размислуваат на возачи надвор од екипата.

Не бараме возачи надвор од Мерцедес во моментов затоа што пред се треба да им дадеме поддршка на двајцата кои во моментов ги имаме, тоа ни е приоритет. Слично како во брако, ако сте среќен со сопругата, не барате ништо друго никаде.

Ние си ги имаме де сопруги, или три ако го земеме во предвид и Естебан Окон и не разгледуваме ништо на друго место. Дајте ни неколку трки, да се тркаме неколку пати во Европа, да стигнеме до Канада, а потоа ќе имаме појасна слика – побара Волф.

Дополнително, Мерцедес под договор го има и резервистот Паскал Верлејн, но и младиот Формула 2 тркач Џорџ Расел, кој со одличен успех се трка во јуниорската серија.


Мерцедес не бара возачи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>