Мерцедес несигурни за казни во Силверстон

479
   

Мерцедес сеуште не се сигурни дали ќе следуваат казни за двајцата нивни возачи, Луис Хамилтон и Валтери Ботас на Британското Гранд При. Обајцата се откажаа од трката во Австрија поради неповрзани проблеми.

Хамилтон имаше проблем со пумпата за гориво, додека Ботас се откажа поради проблем со хидрауликата. Додека се обидуваат да ги поправат деловите, од Мерцедес сметаат дека не трба да променат ништо што би довело до грид казна. Но техничкиот директор, Џејмс Алисон, сеуште не е сигурен дали ќе има следува казна.

Тотално неповрзани откажувања, а ниту едно од нив не е поврзано со воведувањето на новата агрегатна единица. Дали ќе мора да промениме делови за кои ќе следува казна? Се надевам не.

Сметаме дека и двете откажувања се поврзани со самите делови, а тоа се елементи кои може да се променат без да ги отстрануваме запечатените делови од болидот, за кои следуваат казни.

Кога ќе се случи откажување и системот се гасне на начин кој е невообичаен, може да се случат многу проблеми – изјави Алисон.

“Сребрените Стрели“ ќе бидат подобри со пневматиците со мала површина кои ги носат Пирели во Силверстон. Хамилтон победи со вакви пневматици годинава на два наврати, во Шпанија и Франција.

Грид казните може да ја уништат забавата за домашните фанови на трка во која Хамилтон може да стигне до шеста победа на домашен терен. Ако успее во тоа, тој ќе биде првиот британски возач кој ќе има најмногу победи на Британското Гранд При.


Мерцедес несигурни за казни во Силверстон

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>