Мерцедес моторите со подобрени модови од Баку

350

Отмар Шафнауер, Опративниот шеф на Мерцедес, откри дека Форс Индија како и Вилијамс добија нов софтвер со кој ќе може подолго да користат максимална моќ од моторот на Мерцедес.

Шафнауер откри дека тие редовно биле со ограничување на моќта на моторот поради ограничениот број на мотори во текот на сезоната, но по темелните тестови во Бриксворт, може да ја користат максималната моќ подолго време за време на Азербејџанското Гранд При. Отмар смета дека ваквите модови многу ќе им помогнат на неговите возачи во текот на тркачкиот викенд.

На препорака на Мерцедес, го ограничуваме времете на потентните модови кои носат повеќе моќ на ограничен број на кругови. Тоа е единствено поради развојот на издржливоста на моторот и мислењето на Мерцедес што е безбедно.

Пробуваат и тестираат колку издржуваат модовите, а потоа тоа го потврдуваат со динамометарот за да видат дали моторот ќе издржи. Потоа ние сме среќчни затоа што добиваме дозвола подолго да ги користиме, а тоа се случи во Баку.

Ги потврдија пдоатоците на динамометарот и среќни сме што ќе можеме подолго да возиме со поголема моќ и со тоа нема да го оштетиме моторот, а тоа се однесува на сите кои возат со агрегат од Мерцедес.

Сепак, не мора да ги користиме тие модови, може да ги заштедиме, но како и да е ставени ни се како опција во ито време на сите.Би било глупаво да не ги користиме подолго на квалификациите затоа што на крајот на денот само времето во Сабота е важно – појасни Шафнауер.


Мерцедес моторите со подобрени модови од Баку

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>