Мерцедес максимално го искористиле стариот мотор

382

Мерцедес открија дека Луис Хамилтон и Валтери Ботас ги користеле своите мотори до максимум на трката во Канада очекувајќи да добијат нови за следниот тркачки викенд. “Сребрените“ беа единствени без нова спецификација во Монтреал, а планот за нов мотор остана нереализиран поради проблемите со квалитетот на некој од составнит еделови.

Логично е дека на календар од 21 трка, секој мотор мора да одработи по 7 трки, што е доволно. Сите шест мотори на Мерцедес без никаков пролбем ги преживејаа предвидениот број на трки, така што помина 1/3 од сезоната со еден мотор што е одлично достигнување.

Во однос на тоа што се случи со трките на Валтери и Луис, двајцата ги возеа своите мотори исто како на првата трка, без никакво дополнително менаџирање, ограничување или модови за намалување на моќта. Ефикасно ја користевме целата моќ на патеката.

Тоа што се случи со Луис е несреќен настан предизвикан од шасијата, а во врска со ладењето на моторот, немаше никаков дефект на самиот мотор, видовте дека кај Валтери немаше никаков проблем, се квалификуваше на 2ро место и таму ја заврши трката. Проблемот со ладењето се појави многу, многу рано во трката, додека Безбедносното возило беше на патека, а тоа значеше дека дека моторот многу брзо се загреваше.

Превземавме мерки да го решиме проблемот со менување на прекинувачите на воланот, нешто што самиот Луис мораше да го направи, а преку неговиот возачки стил одлично се адаптираше на ситуацијата и ја стабилизираше температурата. Беше две секунди зад Макс Верстпане и заглави таму, така што добивавме разумно количество чист воздух во ладилниците. Тој направи одлична работа и имашр добра прва серија, но бевме далеку од посакуваната температура на моторот.

При првото менување гуми направивме некои прилагодувања со цел да ја олесниме ситуацијата колку што може повеќе затоа што знаевме дека некои елементи на шасијата, кои се однесуваа на ладењето може да се отстранат. Првиот проблем се појави поради тоа што бараме од механичарите за многу кратко време да направат навистина многу комплексна работа, да не заборавиме дека менувањето гуми трае нешто повеќе од 2 секунди. Втората е тоа што болидот го пуштаме на патеката со поинаква аеродинамика поради отстранетите делови.

Менувањето беше незначително подолго од вообичаено, неколку милисекунди до една десетинка најмногу. Момците направија фантастична работа, така што паралелно со менувањето на гумите си ја завршија својата работа.

Колку беше побавен болидот на патеката реално е неколку милисекунди, но добивме со тоа што ни даде простор да го оладиме моторот и да можеме посилно да го користиме така што Луис доби болид кој не се мачи со својот клучен дел и можеше да се врати и да ги напаѓа останатите. Перформансите се подобрија, а исто така и ладењето.

Хаимлтон беше покомотен кога се врати на патеката, а тоа беше очигледно кога при крајот се бореше со ДАниел Рикардо. Штета што штетата беше направена многу рано во трката и долго време страдаа неговите перформанси и 5то место беше максимум што можевме – објасни главниот стратег во Мерцедес, Џејмс Вауелс.


Мерцедес максимално го искористиле стариот мотор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>