Мерцедес го ставиле Ботас “во тесно“

421

Постоеја големи шанси на Валтери Ботас повторно да му пукне гумата на трката во Шпанија минатиот викенд. Финецот беше еден од првите возачи кој влезе во бокс и ги замени своите софт гуми со медиум во 19от круг.

По него влезе Себастијан Ветел кој се одлучи за две влегувања, додека Мерцедес го задржаа Ботас на патеката до крајот од трката.

Со таа одлука финецот го задржа второто место со шест секунди предност пред Макс Верстапен иако возачот на Ред Бул имаше понови гуми.

Фер е да се каже дека шансите беа мали. Но, ако трката траеше неколку кругови подолго ќе беше ризично.

Сепак последните кругови беа тензични. Знаевме дека предната левата гума беше при крај, но имаше предност од 8 секунди пред Ред Бул и се обидувавме да успориме каде што можеме и да контролираме да не ја изгубиме работната температура на гумите.

Балансот беше деликатен и не можам да го разберам тоа сепак Валтери заврши одлична работа. Го ставивме во тешка позиција и тој се справи одлично до крајот на трката – објаснија одговорните за стратегија во Мерцедес.


Мерцедес го ставиле Ботас “во тесно“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>