Мерцедес го решиле проблемот со “жешките“ трки

511

Мерцедес откриваат дека го решиле проблемот со перформансите кои го имаа на трките кои се одвиваа под топло време. Традиционално нивниот болид повеќе ги прегреваше заедните гуми од ривалите со што ги оставаше ранливи во последниот дел од трките на патеките со топло време.

Но, победата на Луис Хамилтон во Унгарија пред летната пауза беше извојувана на 33 степени температура на воздухот и 57 степени температура на асфалтот, со едно менување на гумите и доста долга прва серија на ултрасофт.

Слободното струење на воздухот игра голема улога во Формула 1, но мистерија е како некогаш гумите работат одлично, а друг пат не. Мислам дека во Унгарија за нас беше позитивно, а за Ферари не.

Собираме повеќе податоци, имаме повеќе за анализа и разбирање, но преовладува чувството дека победивме на ултра топла трка со 60-тина степени температура на асфалтот. Мислевме дека такво постигнување со нашиот болид беше неостварливо и тоа ни дава добро чувство за тоа што треба да разбереме повеќе за да бидеме поконкурентни – смета Тото Волф.

Луис Хамилтон се мачеше на тренинг сесиите во пресрет на квалификациите, признавајќи дека очекува силен викенд за Ферари, а тежок за себе.

Ако ги погледнете коментарите од последната трка, се зборува дека ние одеднаш најдовме начин да ги меназираме гумите одлично на трка, што до сега не беше случај – заклучи Хамилтон.

Џејмс Алисон, Техничкиот директор на Мерцедес, смета дека овогодинешниот тркачки викенд бил комбинација од “милост“ на болидот кон задните гумите, одличниот сетап и способноста на Хамилтон да менаџира со ситуацијата. Да не заборавиме дека уште едно видливо подобрување со “сребрените“ беше стартот на трката кога нивниот тандем успеа да ги заджри црвените болиди зад себе по првата кривина.

Ферари се многу, многу добри на стартовите од трките, такви се со години и јасно е дека работат силно на тоа кога работат на развојот. Јасно е дека можеме да имаме придобивка таму и ние. Она што сакаме е можност да си ја задржиме позицијата и да добиваме метри во однос на сите уште на стартот. Константно работиме – откри Волф.


Мерцедес го решиле проблемот со “жешките“ трки

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>