Мерцедес го открија својот болид за Формула Е првенството, со кој ќе учествуваат наредната сезона, која започнува на крајот на 2019 година. Истиот ќе биде прикажан на саемот за автомобили во Женева месецов.

Проектот на Мерцедес ФЕ ќе биде лоциран во истата локација како и шампионскиот Формула 1 тим, кој освојува двојни титули во последните 5 сезони.

Германската марка се вмеша и во Формула Е сезоната, со тимот на ХВА, кои во претходен наврат беа дел од ДТМ програмата на Мерцедес.

Иако поранешниот Ф1 возач, Стофел Вандорн и двократниот шампион во ДТМ, Гери Пафет, се вработени како одличен тандем, тимот на ХВА сеуште нема освоено поен во првите четири трки од сезоната.

И двајцата ќе се надеваат дека нивната среќа ќе се промени со целосно фабричката екипа на Мерцедес од наредната сеозна.

Одбројувањето на нашиот влез во Формула Е официјално започна. Нашиот тим работеше одзади сцена на овој проект подолг период, но кога ќе го видите болиот за прв пат, знаете дека сте во сериозна фаза – вели Тото Волф.