Мерцедес главен спонзор во Германија, Хонда во Јапонија

200

Хонда и Мерцедес, екипите кои се доставувачи на мотори во Формула 1, ќе бидат главни спонзори на Гранд При трките во нивните матични земји.

Хонда во исто време се сопственици на автодромот Сузука, но и промотери на настанот, но ова ќе биде прв пат нивното име да биде вклучено во официјалното име на настанот како главен спонзор. Јапонците кои се веќе 4та сезона во спортот ќе ја помагаат трката следните три години.

Мерцедес од друга страна помагаат за Големата награда на Германија да биде финансиски оправдан настан. Хокенхајм доби дозвола да организира Формула 1 трка и следната година.

Им благодариме на Хонда што ја поддршуваат Јапонија. Јасно е дека тие се наш значаен партнер, не само спонзор, туку и историски се поврзани со оваа тркачка серија и поради тоа сме многу возбудени што ќе го дополниме нашето партнерство.

Исто е и со Германија каде Мерцедес како актуелни прваци имаат посебно место. Воодушевени сме што Мерцедес се голасни на значајна улога како главни спонзори на трката со це лзадржување на Формула 1 во Германија – објанси Чејс Кери, првиот човек на Формула 1.

Шефот на MobilityLand, подружница на Хонда која е сопственик на автодромот и промотер на трката, смета дека организацијата на трката не е само поради правење на профит, туку и задоволство за гледашите кои присуствуваат на Сузука.

Причината поради која сме инволвирани во моторспортот не е профитабилноста. Причината поради која продолжуваме во Формула 1 е затоа што тоа е најдобрата тркачка серија на четири тркала, има најголема гледаност низ светот. За нас најважно е да се има колку што може повеќе гледачи, а со наш труд, поддршка од Чејс Кери и ФОМ ќе на направиме оваа трка повозбудлива од било кога.


Booking.com

Мерцедес главен спонзор во Германија, Хонда во Јапонија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>