Мерцедес ги одложува тимските наредби :-)

462

Мерцедес не гледаат потреба да наметнуваат тимски наредби во Формула 1 борбата а титули засега и ќе ја одложуваат таа одлука колку што можат подолго. Тото Волф најави дека по Италијанското Гранд При ќе одлучат дали Валтери Ботас ќе му помага на Луис Хамилтон во овогодинешната борба за титула против Себастијан Ветел, но по победата на Монца, “сребрените“ се задоволни со развојот на настаните.

Јас не сакам тимски наредби, тие не се кул и не се добри за спортот како и за ниеден возач. Луис не сака никаков подаротк, а Валтери не сака да се откаже од ништо. Ќе го разгледуваме евентуалното воведување по секоја трка.

Пред трката разговаравме за тоа при анализата на различните сценарија и немаше никаква причина за воведување, но ќе видиме што ќе се случи во Сингапур и јас сакам да го одолговлечам тоа колку што можам повеќе – најави Волф.

Сепак, јасно е дека победата во Италија Луис Хамилтон во многу што му ја должи на Валтери Ботас кој го забавуваше Кими Раиконен во клучни моменти за да британецот му “се залепи“ и кон крајот на трката го мине. Финецот е реален во врска со своите шанси сезонава и е расположен да му помогне на колегата кога тоа има смисла.

Не дека ја жртвував својата трка држејќи го Кими зад себе, ако ме претекнеше тогаш ќе почнев да губам време. Знаејќи дека можеби ќе беше идеално малку порано да влезев во бокс, бев среќен да помогнам затоа што знаев дека ионака ќе добијам шанса да го нападнам Макс Верстапен и помошта не го загрози мојот резултат. Тоа е важно.

Искрено, разликата во поени помеѓу мене и Луис е многу голема така што ќе соработувам кога ќе иам смисла за тоа. Ние сме екипа и мораме реално да размислуваме ако сакаме да стигнеме до двете титули.

Во моментов, Луис има 30 поени предност пред Себастијан Ветел, Раиконен заостанува 92 поени зад британецот, а Ботас 97.


Мерцедес ги одложува тимските наредби :-)

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>