Мерцедес во одбрана на стратегот Џејмс Вауелс

355
   

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, застана во одбрана на нивниот стратег, Џејмс Вауелс, по одлуката да не се внесе Луис Хамилтон во бокс додека на патеката во Австрија беше истакнато Виртуелно безбедносно возило.

Хамилтон беше единствениот од водечките кој не влезе во бокс, кога на патеката беше активирано Виртуелното безбедносно возило поради откажувањето на неговиот тимски колега, Валтери Ботас.

Неговиот инженер за трка, Питер Бонингтон (Боно), преку тимското радио го извести Луис дека треба да надомести 8 секунди предност. Вауелс потоа во два наврати се обрати кон Хамилтон директно, извинувајќи се за грешката и обидувајќи се да го мотивира, велејќи “Испорачај тоа што можеш“ и “Имаме доверба и веруваме во тебе“.

Запрашан околу одлуката, како и други стратегиски одлуки во 2018 година, Волф инсистираше дека Мерцедес целосно стои позади Вауелс и според него требало храброст да се признае грешката преку тимското радио кое се пренсува и до ТВ публиката.

Не се потребни промени. Најважно е да разбереме зошто се случи таа грешка и да ја анализираме ситуацијата. Не верувам дека ќе ја повториме таа грешка. Ситуацијата е комплицирана, се бориме со четири други болиди и тоа е тешко.

За мене, Џејмс е најдобриот и потребна е храброст да се признае грешката, во ситуација да се зачува најдобриот резултат и да се каже пред милиони луѓе “Ова е моја грешка, сеуште може да успееме, со болидот кој го имаш“.

За Луис, да води во трката и да се врати на четврто место, тоа беше момент на тешкотии. Не верувавме дека е готово. Сакавме да освоиме максимални поени кои беа возможни, а во тој момент имавме проблеми по грешката која ја направивме.

Пораката на Џејмс по тимското радио е нашата тимска позиција, кажавме дека направивме грешка и сакавме да го смириме Луис.

Потребно беше да се извлечат максималните перформанси од него и да му помогнеме. Како можеше ова да се случи? Со признавање на грешката е полесно да излезете од ситуацијата.

Имавме дебрифинг, мора да го пратиме протоколот. Тој по радиото изјави:

“Не знам колкумина слушаат во Бриксворт и Брекли, но неможам да се сетам кога последен пат не сум завршил трка. Тимот ја има најдобрата издржливост во последните неколку години, тимот го имаше најбрзиот болид во трката и ова е најдобар тим за кој сум возел. Така што, треба да се повратиме од ова и нема сомнеж дека ќе бидеме силни повторно“.

Тоа е неговиот мајндсет – изјави Волф.


Мерцедес во одбрана на стратегот Џејмс Вауелс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>