Техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Алисон, смета дека Валтери Ботас имал перформанси за поздравување на Унгарското Гранд При, но стратегијата на финецот била тешка за изведување.

Ботас беше второпласиран позади Луис Хамилтон во поголемиот дел од трката, но заврши на петто место, откако неговиот пневматици беа целосно истрошени и имаше контакт со Себастијан Ветел и Даниел Рикардо.

Неговиот стинт со софт пневматици беше 10 кругови подолг од Хамилтон по прерано влегување во бокс со цел да се заштитат од Кими Раиконен. Алисон, говорејќи по трката истакна дека Ботас имал неверојатно брилијантна трка, но тие барале премногу од него со толку оштетени пневматици.

Ботас мораше да влезе како одговор на Раиконен со цел да ја задржи позицијата пред него. Хамилтон, Ботас и Раиконен стартуваа на ултрасофт, додека Ветел имаше прв долг стинт на софт пред да премине на ултрасофт.

По тој момент, Ферари го префлија Раиконен на стратегија од две влегувања, што на Мерцедес им даде шанса да го внесат Ботас повторно, но тоа ќе го ставеше во позиција позади Ветел, што ппак ќе му дозволеше на германецот да го нападне Хамилтон.

Алисон истакна дека помислиле да го внесат Ботас во бокс по вторпат за време на виртуелното безбедносно возило, но одлучиле да ја задржат втората позиција, наместо да чекаат безбедно на трето место.

Тој додава дека тимот најлошо сценарио за нив Ботас да падне позади Ветел и Раиконен и дека можноста за време на виртуелното безбедносно возило можела да има негативен ефект.

Ќе беше лошо за нас да се најдеме во таа позиција, но на крајот се најдовме во средина. На крајот одлучивме да ризикуваме и да освоиме второ место, мислејќи дека најлошо сценарио е да завршиме на четвртто место.

Како што видовме, второ место не освоивме и на крајот ситуацијата беше полоша за Валтери и за нас по сите тие инциденти – изјави Волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.