Спортска Регулатива

Секој возач не смее да користи повеќе од 1 на секој 6 последователни трки.

Секоја непланирана промена на менувачот ќе резултира во грид казна од 5 места на таа трка.

Иако соодносот на брзините е фиксиран за цела сезона, тимовите може да променат брзини во текот на тркачкиот викенд, доколку делегат на ФИА оцени дека постои физичка штета на тој дел/брзина.

Доколку возачот не ја заврши трката поради причина која не ја контролира ниту тој ниту екипата, тој може да стартува на наредната трка со нов менувач без да добие казна.

Техничка Регулатива

Болидите мора да имаат 8 предни брзини, како и рикверц брзина.

Секој тим мора да го номинира соодност на брзините за време или по првата трка од сезоната. Потоа се фиксирани до крајот на годината.

Брзините се направени од челик.

Полуавтоматски менувач е дозволен, но системи за автоматско менување на брзини или Постојана Варијабилна Трансмисија не се дозволени.

Системи за контрола на пролизгување не се дозволени, ниту пак уреди кои ќе му помогнат на возачот да ја одржува спојката во специфична точка при стартот на трката.

Од безбедносни причини, сите болиди мора да имаат начин за откачување на спојката и истото се врши внатре во кокпитот од страна на редарите. Истиот е позициониран веднаш над кокпитот е означен со црвена буква N (neutral) во син круг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.