Третата тренинг сесија и последна пред квлаификациите почна по мокар асфалт, а Фернандо Алонсо на половина од истата беше првиот кој се појави со мазни гуми на патеката.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Никој не може да го помести Макс Верстапен од врвот на поредокот откако и на трета сесија по ред има најбрзо време. Во пресрет на квалификациите возачот на Ред Бул повторно имаше најбрз круг, но Луис Хамилтон беше само 25 сотинки зад него, а Себастијан Фетел дополнителни 3 стотинки зад британецот.

Даниел Рикардо беше 4ти со 74 стотинки заостаток, Кими Раиконен беше 2 стотинки зад австрлијанецот, додека 6то време имаше Шарл Леклер кој со својот Зубер заостана само 15 илјадитинки зад Раиконен.

Карлос Саинз имаше 7мо време, додека неговиот колега Нико Хулкенберг беше 10ти, а ги разделија Пјер Гасли од Торо Росо и вториот возач на Заубер, Маркус Ериксон.

Кими Раиконен и Пјер Гасли имаа по рекордни 16 кругови за време на 60те минути кружење по патеката.

Кевин Магнусен немаше никаков круг откако неговиот Хаас болид имаше проблем со интеркулерот, а беше сервисиран, интересно, од механичар на Ферари. На 15-тина минути пред крајот на сесијата поради проблем со хидрауликата, крај патеката се паркираше Валтери Ботас. Кон крајот на сесијата двата болиди на Ред Бул имаа исти проблем во текот на летечките кругови, откако нивната батерија не се полнеше како што треба.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.