Како на првата тренинг сесија, така и на втората, болидите со мотор на Рено повторно беа најбрзи на Ерманос Родригез. Макс Верстапен имаше најбрзо време исто како и на првите 90 минути, а Даниел Рикардо беше втор исто како и на Т1, но австралијанецот заостана само 15 стотинки. Саинз си го задржа своето трето место од претходната сесија со заостаток 1,2 секунди. Промена беше тоа што 4ти беше Себастијан Фетел кој заостана само 1 илјадитинка зад Карлос Саинз, а беше речиси десетинка побрз од Нико Хулкенберг.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Брендон Хартли имаше 6то време со 15 илјадитинки зад Рено, Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа на 7мо и 9то место, а ги раздели Ферарито на Кими Раиконен. Полседен во топ 10 беше Чеко Перез чије време беше 3 десетинки пред Естебан Окон. На оваа сесија немаше возач со над 3 секунди заостаток.

Возачите на Ферари поминаа дури по 42 кругови, најмногу на сесијата, додека Макс Верстапен имаше двојно помалку и на 10 минути пред крајот откажа неговиот мотор на стартно целната рамнина.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.