Организаторите на Големата награда на Мексико се сигурни дека ќе добијат нов договор со Либерти Медиа и и со тоа нивната трка ќе остане на Формула 1 календарот и во иднина.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тие објавија дека ја распродале трката и на неа имало точно 135,407 гледачи во Недела што е најмногу до сега. Љубителите на спортот кои во Недела присуствуваа на Ерманос Родригез имаа можност да вида доминантна победа на Макс Верстапен и крунисувањето на старо-новиот шампион.

Главниот извршен директор на ЦИЕ, Алехандро Соберон изјави дека тие добиле многу пари покрај подршката од државата.

Ова е најдобар маркетинг за државата. Ваков проект не може да се направи на друг начин. Новата администрација ќе ги разгледа резултатите и ќе донесе одлука за продолжување. Имам почит кон новата Влада и чекам мислење. Кога ги гледам сите податоци за трката и тоа што е донесено во државата мислам дека ќе најдеме начин таа да остане на календарот.

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, е задоволен од настанот и посочи дека Мексико е одличен пример за тоа како Либерти треба да ги прави следните настани.

Трката е пример за тоа што сакаме да го гледаме секаде, вистински микс за одличен настан и забава.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.