Квалификациите започнаа со пониска температура на патеката од петокот кога Ред БУл беше доминантен пред Мерцедес и Ферари. Во меѓувреме имаше закани од дожд пред почетокот на сесијата.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Гасли со неговото Торо Росо излезе прв на патеката иако доби грид казна и ќе стартува од крајот на гридот. Зад него излегоа Ботас и Хамилтон со ултрасофт гуми за разлика од сите други кои возеа на хиперсофт.

Французинот постави најбрзо време но брзо беше заменет со Ботас и потоа со Раиконен на врвот. Сесијата продолжи со Себастијан Фетел кој постави нов рекорд на патеката и возачите се приближуваа до бариерата од 1,16.000. Подоцна излегоа Ред Бул кои повторно го заземаа врвот со Верстапен кој беше побрз од Рикардо и имаше време од 1.15,756.

Мерцедес излегоа повторно на хиперсофт и го соборија Верстапен од врвот.

На крајот на К1 отпаднаа Гросжан, Вандорн, Магнусен, Строл и Ситоркин.

На почетокот на К2, Мерцедес излезе со ултрасофт да го продолжи експериментот од К1. Хамилтон извозе време 1.15.644 и беше пред Фетел за 0.071 но залуден беше нивниот обид бидејќи Верстапен изби повторно на врвот со време 1.15.640. Сите времиња беа на ултрасофт гуми. Во своите втори обиди Мерцедес и Ферари излегоа на хиперсофт но ги откажаа своите кругови.

Од К2 отпаднаа Окон, Алонсо, Перез, Хартли и Гасли.

На К3 први излегоа Ферари со Раиконен и Фетел следени од двата болида на Мерцедес додека Ред Бул се задржаа во гаражата.

По своите први обиди Макс Верстапен извозе најбрзо време 1.14.785 со две десетинки пред Фетел и Хамилтон веднаш зад германецот, а Рикардо беше четврт најбрз.

Во последниот обид Даниел Рикардо ги изненади сите кога извозе подобро од Верстапен за 0.026 додека Хамилтон беше подобар од Фетел за третото место.

Трката започнува во недела во 20:10. 


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.